Алармантни прогнози за зголемување на новите случаи на заразени со ХИВ меѓу тинејџерите


Новите случаи на заразени со ХИВ вирусот меѓу тинејџерите може да се зголеми за 60 отсто и да достигнат бројка од 400 илјади годишно во 2030 година, доколку не се забрза темпото за преземање мерки врз оваа ранлива група од населението, се наведува во извештај на УНИЦЕФ.hiv sida

Во документот, чие објавување се совпаѓа со Светскиот ден за борба против сидата, кој се одбележува денеска, се нагласува дека поради демографските тенденции, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на тинејџерите, бројот на заразени со ХИВ меѓу младите луѓе на возраст меѓу 15 и 19 години може речиси двојно да се зголеми во однос на 250 илјади случаи, регистрирани во 2015 година.

– Доколку напредокот во работата со таа група се забави, последиците може да се покажат како катастрофални. нагласи УНИЦЕФ и предупреди дека парите кои се даваат за борба против сидата се намалени од 2014 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1