Алармантно, околу 10.000 бегалци чекаат влез во Македонија


Околу десет илјади бегалци чекаат на влез на јужната граница. Тие од вчера се лоцирани во импровизираниот бегалски камп во близина на градот Поликастро во Грција. bura-od-migranti-630x315

Над 5.000 мигранти и бегалци се блокирани во Грција на границата кај Идомени – последната грчко населба пред Македонија, пренесоа “Франс прес” и “Монд”. Стапката на премин значително е забавена, според извор од полицијата откако во неделата Скопје одлучи да не дозволува повеќе влегувањето на Авганистанци на своја територија. Досега Сиријци, Ирачани и Авганистанци имаа право да ја преминат грчко-македонската граница.

Грција се обидува да го реши проблемот, наведува весникот. Денес Атина објави дека презела “дипломатски активности”. “Сметаме дека проблемот ќе биде решен”, се обидува да ја смири ситуацијата Јанис Музалас, грчкиот министер за миграција. “Правиме постапки кои ќе ни дозволат при нарушување на одлуките на ЕУ од страна на Македонија или Србија да можеме да се справиме со проблемот во Грција”, додаде министерот.

Грчките острови остануваат главен влезен премин кон Европа за мигрантите. Откако ќе бидат регистрирани таму, тие се упатуваат кон пристаништето Пиреа, каде фаќаат автобус кој ќе ги однесе до Идомени. Потоа тие се насочуваат главно кон Германија и скандинавските земји.

3000 имигранти и бегалци пристигнале во Пиреја според податоците на Министерството за миграциските прашања. Само што автобусите кои обично ги превезуваат кон границата со Македонија, немаат дозвола да ја напуштаат Атина.

Овој обид за запирање на бегалскиот поток кон земјите од Централна и Северна Европа доаѓа откако од петокот Австрија еднострано почна да прифаќа до 80 молби за азил на ден и да пропушта транзит до 3200 лица за 24 часа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1