Албанец со „Порше“ прегазил туристи во Будва па побегнал- 5 лица повредени (ФОТО)


Албанскиот државјанин Л.М. (33) изгубил контрола над автомобилот, па од патот излетал на тротоарот, директно на 20 туристи кои се враќале од Словенската плажа во Будва.

Во несреќата се повредени српските државјани Владимир (40) и Јелена Јашовиќ (35), Игор Миљковиќ (28) и Ана Марковиќ (31) и нејзината ќерка Емилија (10).budva

Тие се здобиле со тешки телесни повреди, а некои со полесни и пренесени биле на ортопедската болница во Рисна.

Најтешко е повреден Игор Миљковиќ, на кого на две места му е повреден ‘рбетот, а Владимир Јашовиќ има повреди на рамото и надлактицата, додека пак жените и едното дете се полесно повредени.

Откако ги прегазил туристите, албанскиот државјанин побегнал од местото на несреќата, полицијата успеала да го приведе само совозачот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1