Албанија преплавена со канабис, а Рама тврди дека нема дрога


Албанските опозициски демократи, преку Енкелејд Алибеај, шеф на Одделот за јавен ред и безбедност во партијата, уште еднаш ја обвини Владата на премиерот Еди Рама, дека Албанија се претворила во земја на марихуаната.

Алибеај тврди дека Клемент Балили, кој од страна на Си-Ен-Ен се смета за балкански наркобос, слободно, секоја вечер слави во Саранда, иако се бара со меѓународна потерница за трговија со дрога.marihuana

Тој додава дека секој ден италијанските медиуми известуваат за испораки на големо количество на дрога што пристигнуваат од Албанија со моторни чамци или на друг начин.

Само во приодот август-септември во Италија се запленети 12 тони дрога. Дрога засадена, одгледана, складирана и транспортирана од Албанија за Италија.plantazi marihuana deca

„Економист“ објави дека ситуација со дрогата во Албанија е влошена, како и дека е изградена пистата за авиони во должина од 1,8 километри во централниот дел на земјата.

– Жителите на Фуш Крује вчера беа шокирани од црната вода на реката, поради големата количина канабис која доаѓаше од ридовите, се само дел од фактите, истакна Алибеај.

Тој истакна дека и покрај сите овие факти Рама и министерот за внатрешни работи Саимир Тахири тврдат дека во Албанија нема дрога.

– И уште бесрамно се појавува директорот на полицијата, Цако, кој вели дека мониторирањето од воздухот покажувало дека нема канабис во земјава, потсмевајќи се со Албанците и италијанските партнери, кои секојдневно се е во акција на запленување албанска дрога која пристигнува на италијанскиот брег. Па откако ја прекри Албанија со канабис, Еди Рама, избра да го негира тоа. Да,Албанците знаат, тоа го гледаат секој ден, и страдаат поради уништувањето на земјата од дрогата, дрогата која ја задуши економијата, се искористуваат земјиштето и ресурсите, која носи чести убиства и непријателство, која ја зграпчи власта, правдата и која го уништени слободниот глас, констатира Алибеај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1