Албанската полиција го уапсила убиецот на чешките туристи


Албанската полиција го уапсила убиецот на чешката двојка туристи којашто беше убиена во петокот од албанските планини

Дваесет иседумгодишниот Михаел Сватос и неговата партнерка 36-годишната Ана Косинова биле застрелани кога се возеле по Тета, див планински крај кој е популарен меѓу европските туристи.

Осомничен за двојното убиство е 25-годишниот Сокол Фрн Мјацај, бил потераа во којашто биле ангажирани 350 полицајци, пишуваат во неделата медиумите во Тирана. Телата на убиените биле откриени во местото Прекале, 150 километри северно од Тирана.albanija2

Според соопштението на албанската полиција, Мјацај признал дека на чешката двојка ѝ се заканил со автоматско оружје и се качил во нивниот џип. По кусо возење дошло до борба и тој двајцата ги застрелала, побегнал и го оставил оружјето со отисоците од прстите.

Уапсениот Мјацај, според медиумите кои се повикуваат на полициското соопштението, во почетокот на јуни излегол од завор каде отслужил пет од вкупно десет години затвор за вмешаност во убиство на 13-годишно момченце. Детето било убиено во 2010 година, додека се обидувале да му го украдат златното синџирче.

Областа Тет во Албанија е омилено летувалиште на чешките туристи и покрај до денес нерешениот случај на исчезнувањето на тројца млади Чеси во 2001 година. Посетителите од западна и средна Европа доаѓаат да планинарат и да кампуваат во оваа горска област кој беше најсиромашниот дел на Албанија додека пред седум години не почна да ги нуди основните туристички услови, како ноќевање.albanija1

– Сакам да ги уверам Албанците и странците кои патуваа низ Албанија, дека отсега ќе бидат побезбедни и дека на располагање ќе им ги ставиме сите неопходни услуги“, рече главниот директор на албанската полиција, Хаки Цако

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1