На објект на Македонски железници кај патниот премин село Ваксинце- Куманово, каде што се поставени желеничките рампи, на ограничувачот за висина на патниот премин, од страна на непознато лице биле поставени две албански знамиња.
Случајот бил пријавен вчера околу 18: 30 часот од страна на вработен во Македонски железници, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.
Од МВР за КУРИР го потврдија настанот.
-Се преземаат мерки за откривање на идентитетот на сторителите, како и за целосно расчистување на случајот, вели Лиза Бендевска, портпарол на СВР- Скопје за КУРИР.