Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Вашингтон порача дека прашањето за употребата на албанскиот јазик не е затворено и дека допрва ќе треба унапредување на неговата употреба за да може да се каже дека Рамковниот договор е целосно спроведен. Дека ДУИ не е задоволна од нивото на употреба на албанскиот јазик, Ахмети истакна веднаш по донесувањето на последните измени на законот пред две година, пишува Дневник.
По пораката од Вашингтот, јасно е дека едно од клучните барања на Ахмети на следните парламентарни избори ќе биде затворањето на прашањето за употребата на албанскиот јазик, односно „албанскиот да има ист статусот со македонскиот јазик во државава“.
Ахмети по последните парламентарни избори изјави:
– За јазикот имавме коалициски договор. Законот се смени и се унапреди неговата употреба. Во овој мандат толку постигнавме. Албанскиот јазик според Рамковниот договор е официјален. Во ниедна држава нема прв и втор официјален јазик, туку има официјален јазик. Во наредниот мандат сигурно ќе го затвориме ова прашање како што сме ги затвориле и другите прашања Унапредувањето на јазикот е процес, а процесите бараат време и ангажман. Паралелно со најавите за натамошно унапредување на употребата на јазикот, функционери на ДУИ ја прошируваат неговата употреба надвор од законската рамка, но нема кој да ги санкционира.
Повеќе на – Дневник