Албанците нема да плаќаат струја, протестите продолжуваат


Жителите на Арачиново протестираат против исклучувањето на струја од страна на ЕВН, откако над 600 домови беа исклучени поради неплаќање на сметките за електрична енергија. Предводник на протестот е Скендер Алими, функционер на општинската организација на СДСМ во Арачиново, пишува весникот ВЕЧЕР.alimi-640x338

– Ако не ни ја приклучат струјата од понеделник ќе го блокираме целиот автопат. Ако не преземат ништо, нивните бандери кои се на наши ниви ќе ги тргнеме со трактори затоа што ништо не ни плаќаат. Ни кирија ни ништо, порача на протестите Скендер Алими, функционер на општинската организација на СДСМ во Арачиново.

ЕВН: Броилата не познаваат етничка припадност

Арачиновци со години не плаќаа електрична енергија и беа документирани десетици напади врз вработените во ЕВН кои требаше да ги исклучуваат. Откако ЕВН ги дигитализираше броилата, исклучувањето е далечинско и нема потреба да се оди на терен за некој корисник да биде исклучен. Според еден од соборците на Скендер Алими од СДСМ, токму дигиталните броила на ЕВН се дискриминација врз Албанците.

– Нема дигитал! Дигитал ставаат само кај Албанците – рече еден од постарите учесници на протестот.

Освен враќање на старите броила демонстрантите бараат и сметките на ЕВН да бидат двојазични, на албански и на македонски.Од ЕВН Македонија, за “Вечер“ велат дека нивната компанија не користи никаква форма на дискриминација кон никој корисник.

-Броилото не препознава етничка припадност. За нас сите корисници се исти и ние зад шифрата на броилото не знаеме кој од која национална припадност е, дали е социјален случај или не, велат од дистрибутивната компанија.

Од таму додаваат дека поголеми сметки не стигнуваат поради новите броила, тие се поставуваат низ целата земја и мерат точно колку што е потрошено. Компанијата, уверува дека сите исклучувања се законски, откако претходно биле испратени опомени за корисниците кои не плаќаат.

-Сметките се толкави колку што има потрошено корисникот, да потсетиме зимата беше со температури и до минус 25 степени. Овие броила не можат да се манипулираат. Тие мерат со голема прецизност, проверена и потврдена со жиг од Бирото за метрологија и се изработени според сите европски стандарди. Броилата се поставуваат на граница на имот како што налага законот со што се избегнува влегувањето во домовите на корисниците каде порано беа тие поставени, велат од компанијата.

На заканите на Алими дека ќе се уништуваат електрични столбови, од ЕВН категорични – за таквите потези следува кривична одговорност.

-Секој кој ќе уништи вакви објекти одговара според законските прописи во земјава. Но, тоа не е најголемиот проблем, проблемот станува многу поголем кога ќе почне санацијата на вака оштетени објекти, таа трае многу подолго од обичен дефект. Корисниците ќе бидат многу подолго време без електрична енергија, и штетата не е само за компанијата, туку и на сите корисници од тој регион-велат од ЕВН Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1