Според информациите од безбедносните структури, на српската репрезентацијата никој не и гарантира сигурност на гостувањето во Елбасан во октомври 2015.
Безбедносните структури препорачуваат Фудбалскиот сојуз на Србија да избегне гостување на репрезентацијата на 8-ми октомври наредната година во Албанија, бидејќи во таа земја на „орлите“ им е загрозена сигурноста.
Исто така постои опасност од напад на терористите на ИД на мечот во Елбасан, пишува денес белградскиот дневник Курир.
Изворот вели дека во последно време е засилено делувањето на ИД во регионот, што е само едена од причините да ФСС побара од УЕФА мечот да се одигра на неутрален терен.
–Според информациите од терен не постои никаква гаранција за безбедност на српските фудбалери во Албанија, пишува Курир.
Во последно време значително е засилена активноста на терористичката организација ИД во регионот и постои страв од нивните напади, кажува извор за српски Курир.