Александар оставил проштално писмо – детали за убиството и самоубиството во Србија


Дваесет и шестгодишниот Александар Тодоровиќ од Краљево се обидел да ја убие својата девојка Анѓела Симиќ, а потоа извршил самоубиство во напуштената куќа на својот дедо во село Паченог крај Краљево.

Тодоровиќ во четвртокот рано наутро ја избодел Анѓела со нож по целото тело. Девојката останала да лежи во локва крв без свест, а тој потоа земал коноп и се обесил крај неа.

Девојката била буквално масакрирана, дознава Курир.рс Имала 7 убодни рани по телото и нејзините повреди се сериозни. Четири рани има на градите, две на вратот и една во стомакот. Нејзината состојба е стабилна, но прогнозите лоши.

Што точно се случувало во ноќта меѓу средата и четвртокот во напуштената куќа се уште точно не се знае. Дека нешто лошо се случува прва се посомневала мајката на Анѓела, па повикала полиција.

Нејзе ќерката во четвртокот ? се јавила на телефон и ? рекла дека тргнала од Краљево накај дома. Мајката дошла на станица да ја дочека, меѓутоа не ја нашла, па мајката ? ѕвонела на телефон. Кога сфатила дека после упорното нејзино јавување ќерката не се јавува го пријавила нејзиното исчезнување.

Скоро во исто време во полиција заѕвонел и очувот на Александар. Човекот рекол дека нашол проштално писмо кое го оставил Александар, а во кое навел дека ќе се самоубие. Истражувачите тогаш се посомневале дека ја однел Анѓела во напуштената куќа, па таму и се упатиле.

Мештаните велат дека ова не е прва трагедија во домот на Тодоровиќ.

Самоубиство извршиле и дедото и таткото на Александар. Дедото се самоубил во шума со пушка, а татко му се обесил во истата куќа, во која Александар го извршил злосторството.

Се претпоставува дека Александар и Анѓела се бореле, односно таа се обидувала да се одбрани, но немала сила.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1