Доскорашниот помошник на искусниот стратег Лино Червар, Александар Петровски, од денес и официјално е новиот тренер на женската екипа на ЖРК Металург
Петровски доаѓа на местото на долгогодишниот тренер Крсто Петрушевски, под чие водство, екипата од „Автокоманда “ ги оствари најголемите клубски успеси.
– Ова е вистински предизвик и гордост за мене што ја добив довербата и задачата од нашиот газда Минчо Јорданов да го предводам реорганизираниот и подмладен состав на женската екипа на Металург.
Морам да го пофалам и да му честитам за успесите со екипата на досегашниот тренер Петрушевски и да му се заблагодарам за вложениот труд и работа во девојките, бидејќи вистинско задоволство е да преземеш екипа што во својот состав има 90 отсто членки на сениорската, младинската и на кадетската репрезентација на Македонија – изјави новиот тренер на ЖРК Металург Александар Петровски.