Александар Вучиќ избран за претседател на Србија


Српскиот премиер Александар Вучиќ победи на вчерашните претседателски избори во Србија, освојувајќи околку 55 проценти од гласовите, со што уште во првиот круг е избран за нов шеф на државата.

Вучиќ доцна синоќа прогласи победа на изборите, истакнувајќи дека за него гласале повеќе од два милиони избирачи.vucic

– Многу сум горд на фактот дека добивме огромна доверба и од три милиони и 700 илјади луѓе кои гласаа, конечната проценка е дека добивме околку два милиони и 35 илјади гласови, изјави Вучиќ на прес-конференција во седиштето на неговата владејачка Српска напредна партија (СНС).

Како што јави Танјуг, тој истакна дека на изборите добил околу 430.000 или 12 отсто повеќе гласови, отколку сите останати претседателски кандидати заедно.

– Ова е важен ден за нас и важно е дека се покажа во кој правец сака да оди Србија. Важно е дека победата е чиста како солза и дека разликата не е мала, рече Вучиќ, заблагодарувајќи им се притоа на граѓаните на Србија што гласале.

Според проценките на агенциите за истраживање на јавното мислење, Вучиќ освоил меѓу 54,9 и 55,7 отсто од гласовите, додека далеку зад него е независниот кандидат и поранешен народен правобранител Саша Јанковиќ со освоени меѓу 15,6 и 16,3 проценти.

На трето место се пласира главната ѕвезда на оваа претседателска кампања Лука Максимовиќ, кој настапуваше под името на своето алтер его, сатиричниот лик Љубиша Прелетачевиќ – Бели освојувајќи меѓу 9.4 и 9,6 отсто од гласовите, пред поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ со освени меѓу 5,7 и 5,8 проценти и лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, кој добил меѓу 4,4 и 4,5 отсто од гласовите.

Српската Републичка изборна комисија од своја страна врз основа на 56,56 проценти преброени гласови информира дека Вучиќ освоил 57,03 отсто од гласовите, Јанковиќ 14,89, Максимовиќ – Бели 9,04, Јеремиќ 5,33, а Шешељ 4,49 проценти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1