Алергијата на студ претставува вистински проблем во зимскиот период за Бернард Вoрд од Северна Ирска. Зимата може буквално да биде кобна по неговиот живот.
Неговата алергија оди дотаму што тој не смее со голи раце ниту да фати храна или пијалок од фрижидер, бидејќи веднаш добива алергично нафрлање на кожата.
И една единствена снегулка може да биде фатална по неговото здравје и да го убие. Прв пат симптомите на алергија на студ ги почувствувал пред две години. Минатата зима, во 2012 година, му се влошила состојбата откако чекал автобус на -10 степени Целзиусови.
„Чувствував болка и чешање во прстите на рацете, а лицето си го чувствував како да ми гори“, се сеќава Вoрд.
При алергиска реакција, на неговата кожа се појавува црвенило и пликови со различна големина. За неговата несреќа да биде уште поголема, тој може да доживее анафилактички шок како последица од алергиските реакции и да почине.
„Животот целосно ми се смени откако ја добив оваа алергија. Веќе плаќам високи сметки за греење и облека, па претстојната зима ме плаши. И најобична посета на бар со пријателите за мене е вистински проблем“, додава тој.