АЛО АЛО – 40 год од првиот мобилен телефон (Видео)


 Денеска се навршуваат точно 40 години откако Мартин Купер, инженер во „Моторола“, го оствари првиот разговор преку мобилен телефон со Џоел Енџел од компанијата АТ&Т.

prv telefon– Џоел, те барам од „првиот“ мобилен телефон. Пренослив телефон, со овие зборови на 3 април 1973 година Купер му се обратил на Енџел, кој му бил главен конкурент во работата.

Неговиот „мобилен“, Dyna-TAC, тежел повеќе од еден килограм и имал облик на голема бела тула. Од него можело да се разговара дваесетина минути, а батериите се полнеле 10 часа.

Требаше да се почека десетина години за првите модели на овој телефон да се најдат на пазарот по цена од 3.500 долари. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1