Алпите без снег: Туристите креваат раце од скијачкиот рај


Илјадници туристи зимава се откажаа од минување на зимскиот одмор на Алпите, бидејќи регионот соопшти дека настапила сушна сезона.alpi skijanje

Заради необично високите температури за овој период од годината, бројните одморалишта беа присилени максимално да ги напрегнат своите машини за правење вештачки снег, што доведе до трошење на резервите од вода.

Доколку до викендов нема нов снег, овие машини ќе бидат забранети во повеќе од 50 одморалишта во Горна Савоја, во која речиси два месеца нема природни врнежи.alpi bez sneg

Сателитските снимки покажаа дека во Алпите речиси и воопшто да нема снег. Исклучок единственоо се малите наноси од снег во Италија и Австрија, со висина до пет сантиметри.И покрај тоа што одморалиштата можат да ги користат природните резерви од планинска вода, многу од нив, сепак, пресушија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1