Амбасада на САД: Во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки


Амбасадата на САД во Скопје и се извинува на македонската јавност за пропустот со изведувањето на химната на Македонија, откако Тамара Тодевска не ја испеа строфата во која се споменуваат Гоце Делчев и другите национални херои.

„САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за славењето на нашата независност со нас минатата ноќ. Ние разбираме дека грешките може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, гласи соопштението на американската амбасада.

Со присуство на голем број политичари, дипломати и бизнисмени синоќа на скопско Кале беше одбележан националниот празник на САД – 4 јули, Денот на независноста, а изутринава имаше огромен број на критики на адреса на Тодевска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1