Ако страдате од алергии, избегнувајте го контактот со поленот на растението амброзија, и по препорака на лекар, редовно земајте антихистаминици. Во типични симптоми на алергија на амброзија спаѓаат кивање, чешање во носот, бистар секрет, солзни и црвени очи, гребење во грлото, кашлање и отежнато дишење, додека кај некои луѓе се појавуваат и црвени печати на кожата.
Амброзијата цвета од јули до октомври, а оваа година концентрацијата на поленот во воздухот ќе биде најголема во август и почетокот на септември, така што треба на време да се заштитите. Оваа билка расте покрај патиштата, на запуштени парцели, нивите и во парковите.
Секоја билка произведува околу 100 милиони зрна на полен секоја година, а само дваесетина зрнца на кубен метар воздух можат да преидизвикаат алергиска реакција.
Кај чувстивтелните лица, организмот бурно реагира на полен, бидејќи имунолошкиот систем го доживува како напад и ги активира одбранбените механизми, а алергијата најчесто се манифестира како:
– поленската кивавица многу често е предизвикана од поленот на амброзија. Во таков случај се јавува чувство на силно чешање во носот, кивање, често и по десеттина пати, а од носот тече бистар секрет.
– конјуктивитот може да се јави самостојно и заедно со кивавицата или опструкција на дишните патишта. Лицето чувствува чешање и пецкање во очите чија слузокожа е црвена. Исто така, се интензивира солзењето на очите, а често се јавува и отекување на капаците на очите.
– атописката астма е се почеста појава, особено кај децата, со тенденција на пораст на бројот на заболените. Тегобите се најизразени во раните утрински часови, кога се јавува напад на отежнато дишење, при што на болниот му е потешко да го издише воздухот, што го прави со очигледен напор. Вдишувањето е кратко и бучно, а издишувањето продолжено, а често се слуша и свирење во градите. Нападот обично завршува со кашлање.
– алергискиот дераматит се манифестира со чешање на кожата и појава на црвенило, често проследено со пликови.
За олеснување на симптомите и за спречување на потешки манифестации најдобро е комбинирањето на превентивни мерки и лекови, меѓу кои спаѓаат:
– шетајте во природа само откако престанало врнењето дожд, кога концентрацијата на поленот е најмала.
– затворајте ги прозорците на домот или автомобилот.
– туширајте се и мијте ја косата секоја вечер за да го исчистите поленот.
– редовно чистете го домот и бришете го подот со мокра крпа.
– не излегувајте од дома во текот на попладневните часови, бидејќи тогаш концентрацијата на полен во воздухот е најголема.
– не шетајте на ветровито време, особено ако е топло.
– не сушете ја долната облека надвор, затоа што кога е влажна, поленот полесно се таложи на неа.
– избегнувајте ги градинарските активности, ако бурно реагирате на амброзија.
– избегнувајте престој на планина и во село.
Плус Инфо