Екипата на ТВ 21 која е на пат накај Кочани јавува дека забележале повеќе амбулантни возила упатени кон Скопје.
Според информациите дел од повредените биле згрижени во штипската болница, но дел биле итно пренесени во Скопје. Слободен Печат јавува дека десетици роднини на повредените во пожарот што ноќеска изби во дискотеката „Пулс“ се наоѓаат пред градската болница во Скопје „8 Септември“. Амбулантни возила постојано транспортираат повредени, а пред малку во правец на болницата се упати хеликоптер.
Според информациите дел од повредените околу 30 се задржани во болницата во Кочани, а околу 60 лица се препратени со возила во штипската болница.
Според информациите кои ги објави Канал 5 во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба.
Меѓу повредените во Градска има и малолетници
На социјалните мрежи се шират апели за помош за настраданите во пожарот во Кочани. Се апелира оние што се наоѓаат во близина на настанот да помогне со сопствено возило во транспортирање на пациентите.
Неофицијално им недостасува, вода, физиолошки раствори, ќебиња и крв од различни групи!
Се апелира сите доброволци да се јават во надлежните служби.