Амди Бајрам: Титаник пропадна, преминав на друг брод и на избори одам со СДСМ


Пратеникот Амди Бајрам од партијата Сојуз на Ромите ги демантираше шпекулациите дека преговара за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и најави дека на парламентарните избори на 12 април 2020 ќе настапи во коалиција со СДСМ.

– Сакам да се изјаснам заради некои шпекулации дека јас преговарам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е чиста лага. Ниту преговарам ниту имам нешто. Јас сум во коалиција со СДСМ и останувам и понатака во коалиција со СДСМ. Не е во ред да ми се ствараат компликации и на мене и на мојата политичка партија – изјави Бајрам.

Тој не даде прецизен одговор дали ќе премине во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ако оваа партија дојде на власт бидејќи имаше изјава дека секогаш е со власт. Како што рече, за тоа ќе се разговара кога ќе дојде време, но сега останува со социјалдемократите.

– Паролата на Сојузот на ромите и јас како единствен пратеник од секогаш, сум кажал, тоа не го кријам, секогаш треба да бидам со власта. Јас гледајќи ја тогаш целата ситуација бев во тој брод, но Титаник пропадна и нормално преминавво другиот брод. Сега сум и останувам во коалиција со СДСМ, јас дадов поддршка дека на избори ќе одиме заеднички без разлика што било некогаш – рече пратеникот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1