Американското Министерство за внатрешна безбедност нареди гранични агенти да почнат итно проверки на сите странски студенти кои влегуваат во САД дали имаат валидна студентска виза.
Наредбата е прва реакција на властите за промена на мерките за безбедност по бомбашките напади за време на маратонот во Бостон. Наредбата е само неколку дена откако администрацијата во Вашингтон призна дека студент од Казахстан е обвинет дека скрил докази оти едниот од босатноските напаѓачи успеал да влезе во САД без валидна студентска виза.
Азамат Тажајаков отпатувал од САД во татковината и кога се вратил во Њујорк на 20 јануари неговата виза била невалидна, но и покрај тоа му било овозможено да влезе во државата. Причина било што граничниот полицаец нема достап до системот за валидни студентски визи.