Aмерика ќе воведува данок на продажбата преку Интернет


Американскиот Сенат усвои мерка која ќе ги обврзува интернет гигантите како што се Амазон или ибеј да плаќаат данок на продажба во согласност со локалните закони.

kontrola-interneta-vladaЗа да овој закон стапи во сила, потребно е да биде усвоен и во Долниот дом на американскиот Конгрес, во кој мнозинството пратеници не се согласуваат со досегашните олеснувања на пласманот на стока по пат на Интернет поради непостоење данок на таков вид продажба.

Доколку овој закон биде усвоен во американскиот Конгрес, секоја од 50 сојузни држави ќе го оданочува овој вид продажба во согласност со локалните закони. Висината на овој вид данок варира од држава до држава во распон од 2,9 до 7,5 отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1