Градоначалникот на Орландо, во сојузната американска држава Флорида, ги потврди претходните медиумски извештаи дека во нападот врз ноќниот клуб „Florida Pulse Club“ во центарот на градот се убиени 50 луѓе а 53 лица се ранети, но не потврди дека напаѓачот е Омар Матин.
Вооружениот напаѓач кои отвори оган во неделата утрото во геј клубот во Орландо е идентификуван како Омар Матин, американски државјанин од авганистанско потекло, јавија телевизиските мрежи CNN, CBS и NBC повикувајќи се на свои извори од истрагата.
Во меѓувреме се случи и пресврт во квалификацијата на нападот. Претходно инцидентот беше сметан за чин на „домашен тероризам“, термин со кој во САД се квалификуваат масовните убиства, кои не мора да се поврзани со меѓународниот тероризам.
Меѓутоа, локалната полиција и Федералното биро за истраги (FBI) нападот во Орландо сега го истражуваат како терористички чин. А сојузната полиција соопшти дека напаѓачот можеби бил симпатизер на екстремната сунитска организација Исламска држава.
Полициски офицер, кој работел и како обезбедување во ноќниот клуб „Pulse“ разменил оган со напаѓачот околу 2 часот утрото по локално време. Набрзо се развила заложничка криза и три часа подоцна полициските специјалци упаднел во клубот ликвидирајќи го напаѓачот.
Претходно беше соопштено дека крај напаѓачот е пронајдена автоматска пушка и пиштол, како и експлозивна направа која подоцна е уништена со контролирана експлозија/
„Дали го сметаме тоа за терористички чин?: Апсолутно. Без разлика дали станува збор за домашен тероризам или меѓународен, ние тоа целосно ќе го истражиме“, изјавил специјалниот агент Дени Бенкс, пренесува Reuters.
Американскиот претседател Барак Обама ѝ нареди на сојузната полиција да пружи секаква помош за полицијата на државата Флорида која го истражува нападот во Орландо, соопшти во неделата Белата куќа.