Полицијата во Флорида уапси маж кој, откако ограбил банка, се соблекол гол и трчајќи по улицата ги фрлал украдените пари, бидејќи, како што самиот потоа изјавил, утрото кога се разбудил посакал да стане комичар.
Наместо тоа, 25-годишниот Александар Спербер заработи обвинение за вооружен грабеж, соопшти ФБИ.
Шегаџијата заканувајќи му се со пиштол на благајникот, успеал во својата торба да стави околу 4.700 долари.