Американка на Фејсбук му се заканувала на тешко болно девојче (ВИДЕО)


Криста Сивел (26) е обвинета од полицијата во Њујорк за вознемирување, прогон и криминал од омраза.

Според полицијата, таа постојано му се заканувала на девојчето Ана, која е родена во 2017 година со ретко нарушување наречено харлекин ихтиоза, така што изгледа како да претрпела сериозни изгореници.

Мајката на девојчето, Џени Рајли, објави на Фејсбук и на Инстаграм информации за нејзината ќерка за да ја едуцира јавноста за овој редок синдром. Помеѓу декември 2018 и ноември 2019 година, Сивел испратила голем број заканувачки пораки до овие профили. Таа исто така испратила заканувачки писма на домашната адресата на семејството на девојчето.

“Иако знаев дека постои можност за негативни коментари, не очекував да ги добијам пораките што ги добив. За изминатата година, јас водев борба за која никогаш не помислив дека ќе ја водам и се плашев дека ниту една мајка не треба да ја почувствува”, изјави мајката на малото девојче.

Мотивите на Криста Сивел не се познати. Предвидено е таа да се појави на суд на 12 ноември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1