Американките се почесто раѓаат близнаци, а се верува дека овој тренд се должи на употребата на третмани за плодност и на фактот што тие имаат деца во подоцнежни години.
Стапката на раѓање близнаци во САД достигна ниво од 33,7 близначки бремености на 1.000 породувања во 2013 година, објави Центарот за контрола на болести и превенција. Тоа е раст од 2 отсто во однос на 2012 година и е нов национален рекорд.
Тоа е раст од 2 отсто во однос на 2012 година и е нов национален рекорд.
„Бев по малку изненадена Два проценти е голем раст“, вели епидемиологот Џојс Мартин за Reuters.
Стапката на раѓање близнаци од 1980 до 2009 година пораснала за 76 отсто, откако жените почнаа почесто да употребуваат терапија за плодност и да имаат деца на постара возраст, што ги зголеми шансите за повеќекратна бременост, вели таа.
Стапката имаше скок во 2009 година, а истото се случи и во 2013. Прелиминарните статистики за 2014 година ќе бидат објавени за два месеци.
Додека стапката на родени блзинаци расте, се намалува стапката на родени тројки, откако при третманите за плодност се препорачува да се ставаат помалку ембриони со што се помага жената да остане бремена, додава Мартин.
Во 2013 година во САД имало 3,9 милиони породувања, што е за 1 поцент помалку од 2012 година. Сепак, за 10 отсто се намалени породувањата на тинејџерките, што е рекордно ниско ниво. Исто така на рекордно ниско ниво се и породувањата на жени во нивните 20 ти години, а растат бројките на породувањата на жени во нивните триесетти и четириесетти години.