Американски тренер, ќерката и жена му биле во хеликоптерот на Коби Брајант


Тренерот на бејзбол екипата Оранж коуст, Џон Алтобели, неговата ќерка Алиса и жена му Кери, се меѓу загинатите во хеликоптерската несреќа во која загина легендарниот Коби Брајант и неговата најстара ќерка Џијана. Братот на тренерот Алтобели, Тони, потврди дека неговиот брат и неговото семејство биле во хеликоптерот кој се урна во местото Калабасас.

Џијана Брајант и Алиса Алтобели биле соиграчки во Мамба академијата и патувале кон Таусанд Оукс, каде требале да играат натпревар. За жал, хеликоптерот од засега непознати причини се урнал, а веднаш потоа и се запалил, па немало спас за вкупно деветмината луѓе кои патувале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1