Американскиот конгрес расправа: Има ли вонземјани и што правиме за да ги пронајдеме?


Одборот за наука, вселена и технологија со кој претседава републиканецот Ламар Смит, ќе се состане денес на семинар.

vonzemjani marsovecУште седум дена преостануваат до крајот на 113-тото заседание на американскиот конгрес. Оваа седмица политичарите ќе ја искористат за расправа околу постоењето на вонземјани и општо за животот надвор од планетата Земја.

Одборот за наука, вселена и технологија со кој претседава републиканецот Ламар Смит ќе се состане денес на семинарот наречен “Астробиологија: Потрага за живот во нашиот соларен систем и надвор од него”. Ќе се распава за чекорите кои се преземаат за таков живот да биде откриен.

И додека републиканците во овој Одбор целосно се отворени кон можноста дека можеби вонземјани постојат, истовремено во целост ја отфрлаат теоријата за глобалното затоплување. Смит и неговите колеги го негираат глобалното затоплување, а во случај и тоа да постои, сметаат дека не може за тоа да е виновно човештвото, односно нашите постапки кон природата.

Многу членови на тој Одбор имаат и некои радикални ставови па така на пример Пол Браун вели дека тој “верува дека Земјата настанала за шест дена”, а глобалното затоплување го нарекува “масовна интернационална научна измама и научен фашизам”.

Инаку овој состав на американскиот Конгрес, многумина го нарекуваат најнепродуктивен во историјата.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1