Америко, аман, не ни помагај – И по 100 години на Балканот ништо ново


Од Меѓународниот научен собир кој се одржува по повод стогодишнината од трагичниот Букурешки договор, универзитетскиот професор Стефан Влахов Мицов испрати порака до големите сили, а пред се до САД, да не и помагаат на Македонија во решавање на проблемот со името, туку, напротив да не и пречат да се реши

BUKUREST_01Историјата се повторува. Истите земји кои пред 100 години ја поделија Македонија и го парафираа Букурешкиот договор денеска не ја признаваат и го попречуваат влезот во евроатланското семејство. Ова е мислењето на дел од учесниците на дводневниот Меѓународен научен собир Букурешкиот мировен договор, Македонија и Балканот”.

– Во однос на Балканските војни во матрицата на балканските држави нема никаква промена и по 100 години. Тие како да стојат во место во однос на договорот од Букурешт. Гледаме што ни се случува со името. Истите оние што ја делеа територијата на Македонија, денеска не сакаат да го признаат постоењето на државата Република Македонија, постоењето на македонска нација, македонскиот јазик и култура. Една од нив е Грција, а зад неа одвреме-навреме стои и Бугарија, изјави проф. д-р Тодор Чепреганов пред почетокот на собирот. Како доказ дека матрицата на победници и победени и по еден век е се уште актуелна ги посочи научните собири посветени на Букурешкиот мировен договор и Балканските војни кои досега се одржаа во Бугарија и Грција на кои не беа поканети учесници од Македонија.

Историски гледано, додаде тој, Букурешкиот мировен договор не е целосно во функција, ако се има предвид дека во 1944 година Србија, една од земјите-потписнички се откажа од него и дозволи на територијата која ја зема во 1913 година да се формира Федеративна Народна Република Македонија.

И академик Блаже Ристовски оценува дека Букурешкиот договор има трајни последици во Македонија кои и денес се актуелни со наметнатиот проблем со името.

zname katra– Последиците остануваат долготрајно, бидејќи се работи за распарчувањето на една земја и на еден народ. Ни се одрекува името, ни се одрекува и нашиот идентитет, нашата култура, историја, јазикот…, изјави Ристовски кој смета дека доколку во 1913 година и се дадеше самостојност или автономија на Македонија немаше да има никакви последици или недоразбирања со соседите. Нагласи, дека денес ниту треба, ниту, пак, некаде е речено да се преговара за името на Македонија, туку само да се разговара за извесно разбирање на некои работи.
– Договор никаде не пишува дека треба да се прави и не може да се прави договор за името. Сите правни инструменти се против таквата постапка. Тоа што како исклучок се прави со разговорите е надвор од сите правни регулативи дури и на меѓународно ниво. Се надевам дека и науката ќе и помогне на политиката да можеме некои прашања да ги решаваме многу поспокојно за доброто на сите на Балканот, нагласи академик Ристовски.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1