АМСМ: Блокиран сообраќајот кај Баир на патот Ресен-Битола


Од 21:05 сообраќајот на патниот правец А3 Ресен- Битола кај н. Баир е блокиран, соопшти АМСМ.

Собраќајот на патниот правец Р1105 Валандово – Фурка – Дојран е нормализиран.sneg-koli-pat-zaveano-2

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.

Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1