Анѓушев најави затворање на некои факултети


Образовниот систем не одговара на реланите потреби на економијата. Загрижувачки е тоа што во државава 90 отсто млади одат на факултет, а во истовреме немаме квалификувани работните, како заварувачи шофери и слично, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во Топ Тема на Телма.

На прашањето што со лиценците на факултети, кои постојат во голем број во државата, вицепремиерто Анѓушев одговори дека владеењето на правото ќе го доведеме во прашење ако им се одземат лиценците.

– Она што го направи оваа влада- не издаваме нови лиценци на нови факултети – истакна Анѓушев, туку како ќе им истекуваат лицентците така ќе престанат да постојат.

– Доколку ситуацијата беше поинаква 18.000 квалификувани работници би се вработиле денеска – рече вице премиерот во вечерашната Топ Тема на Телма.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1