На насловната страница на американскиот магазин „Стар“ се појави Анџелина Џоли која наводно направила пресврт во односот со сопругот Бред Пит и наводно сака тој да се врати назад.
Американскиот таблоид тврди дека актерката е многу близу да му даде втора шанса на Пит. На неа многу влијаел Денот на благодарноста, бидејќи тогаш се почувстувала многу осамено.
– По 12 години заеднички живот, тие имаат посебна врска. Таа постојатно се преиспитува во одлуката за развод – тврди извор за „Стар“, кој додава дека драмата околу старателството над децата негативно влијаеле на односот на актерската двојка.