Холивудската двојка која шокираше со најавата за разводто сега пак ја изненади јавноста!
По обвиненијата за алкохолизмот, семејното насилство, расплачените интервјуа на Анџелина Џоли и признанието на Бред Пит дека повеќе „не мора да пие“ откако не е со неа, бракоразводната парница е – стопирана.
„Дејли мејл“ пишува дека ниту актерот, ниту актерката не ги направиле потребните чекори за да го продолжат процесот на разводот на бракот кој траеше едвај нешто повеќе од две години.
– Тоа не значи дека ќе се смират, но на никого не му е јасно поради што не напредувале со разводот – рекол добро информиран извор за тој весник.
„Дејли мејл“ додава дека Анџелина, која неодамна во исповедта за „Венити фер“ помалку или повеќе го обвини Бред за сите свои проблеми, е „импресионирана“ од фактот дека престанал да пие и е подготвена да му пружи втора шанса.
Иако веста не е официјално потврдена „ЈуЕсВикли“ се фали со насловната и ексклузивата во врска со стопирањето на разводот. Анџелина наводно се двоуми да му даде нова шанса, Бред се повеќе покажува дека сака да се промени.