Андреа Бочели паднал од коњ, има повреди на главата и карлицата


Италијанскиот тенор Андреа Бочели е хоспитализиран откако имал незгода на свoјот имот во Пиза. Тој во текот на јавање паднал од коњ.

– Тоа беше обичен пад од коњ. Доколку не дојде до компликации, може да ме пуштат дома – напишал Бочели на Фејсбук.

Слепиот оперски пејач паднал од коњ, по што животното се вознемирило, раскажал вработен во болницата. Бочели (58) со хеликоптер бил префрлен во болница. Од итната служба изјавиле дека неговите повреди на главата и карлицата се сериозни, но дека животот не му е во опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1