Андреј Гусин – Поранешен украински фудбалер загина во сообраќајка


Поранешниот украински фудбалски репрезентативец Андреј Гусин го загуби својот живот во сообраќајна несреќа што се случила во близина на Киев. 41-годишниот Гусин возел мотоцикл, а со голема брзина удрил во заштитната ограда на автопатот. Зад себе остави сопруга со три деца.gusin-615x400

Гусин за фудбалската репрезентација на Украина одигра 71 натпревари, а со Динамо Киев стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите во 1999 година. Со овој клуб седумпати ја освои шампионската титула во Украина, а до мај беше помошен тренер во Анжи Махачкала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1