Андреј Петров против Јакимовски и Куновска во Карпош


Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров е кандидат на оваа партија во трката за градоначалник на скопската општина Карпош.
Тој веќе беше градоначалник на оваа скопска општина во периодот од 2003 до 2008 година.

andrej petrovОд СДСМ ја потврдиле информацијата.

Претходно кандидат на партијата, односно на здружената коалиција беше Стевчо Јакимовски, но тој и покрај тогашната одлука за бојкот, поднесе кандидатура на минута до истекот на регуларниот рок за поднесување кандидатски листи, преку партијата на Драгиша Милетиќ, по што беше исклучен од СДСМ.

Во Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничката функција претендира и Јагнула Куновска.

Izvor – Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1