Aндреј Петров размислува за оставка


Генералниот секретар на СДСМ размислува да поднесе оставка по поразот во Карпош. Тој во изјава за Дневник го поздрави чекорот на неговиот колега од НДП Изет Зекири кој откако загуби на градоначлничките избори во Тетово си замина од партијата и рече дека и самиот размилсува да го направи истото.

andrej petrovДа, размислувам за таков чекор. Kонечната одлука ќе биде донесена наредниот месец кога ќе станат јасни многу други работи во партијата и во нашето политичко дејствување. Зекири направи добар чекор бидејќи има професорска кариера и неговата успешност како човек не зависи само од политиката. Слично е и кај мене, мојата егзистенција не зависи од пратеничката плата и можам да и се вратам на професионалната кариера. Од друга страна, се сметам и за одговорен политичар во партијата, јас сепак таму сум генерален секретар и не би можел така лесно да оставам се и да заминам – изјави Петров за Дневник.

Андреј Петров ги загуби локалните избори во општина Карпош од Стевчо Јакимовски со убедлива разлика.
Од Дневник побарале став и од Јани Макрадули и Менде Диневски кои исто така доживеаа пораз на локалните избори но ниту еден од нив не дал одговор на прашањето, дали размислуват за оставки

Целото интервју на – Dnevnik.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1