Ангела Меркел во Белград ќе ја чуваат над 5000 полицајци!


Дел од нејзиното обезбедување ќе остане во авионот по слетувањето, а дел ќе ја следи во чекор се до завршувањето на посетата. Јадењето со кое ќе биде послужена како и водата ќе бидат ставени на биохемиска анализа, а за цело време на најзината посета ќе ја следи возило на итна помош во која ќе се носи крв со нејзина крвна група, вели извор од безбедносните служби на Србија.angela-merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел на 8  и 9 јули ќе ја посети Србија, Албанија и Босна и Херцеговина, објави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.

Но, поради предупредувањето на  Германија до своите граѓани кои живеат и работат во Србија да бидат внимателни и да избегнуваат поголеми собири поради  заканата на исламистите за терористички напад до крајот на рамазанскиот пост, безбедноста на канцеларката е подигната на највисоко ниво. Мерките за безбедност на Меркел во  Белград ќе бидат поголеми од оние кои беа  превземени кога во српската престолнина дојде рускиот претседател  Владимир Путин, објави српски Ало.

Подготовките се започнати, а претходницата на Меркел ќе стигне денеска. Од слетувањето на белградскиот аеродром, до заминувањето за Германија, за животот на канцеларката ќе се грижат над 5000 полицајци , а уште илјада до две илјади ќе бидат на готовс. Освен полицијата, во обезбедувањето ќе бидат вклучени и безбедносните служби и војската на Србија.

Дел од нејзиното обезбедување ќе остане во авионот по слетувањето, а дел ќе ја следи во чекор се до завршувањето на посетата. Јадењето со кое ќе биде послужена како и водата ќе бидат ставени на биохемиска анализа, а за  цело време  на најзината посета ќе ја следи возило на итна помош во која ќе се носи крв со нејзина крвна група, вели извор од безбедносните служби на Србија.

Меркелова на 8 јули вечерта ќе пристигне во Белград по посетата на Албанија. Нејзе ќе ја пречека премиерот на Србија Александар Вучиќ со кого таа ќе вечера, а утредента на 9 јули е предвидено таа да се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1