Ангелов поднесе кривична против уредникот на МРТ1


Генерал Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, денеска поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на МРТ1, Диме Ратајкоски за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот сервис.stojance

Ангелов, кој со денови протестира пред МРТ со барање националната телевизија да ги објави аудио снимките на опозицијата, тврди дека има основа за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, како и повреда на рамноправноста на граѓаните.

Ангелов посочи дека Ратајкоски, овозможил пристрасно пласирање на информации во корист на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и им нанел штета на граѓаните, а од друга страна Ратајкоски овозможил емитување на снимки добиени преку посебни истражни мерки за Љубе Бошкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1