Ангелов: Во 19 часот по секоја цена влегуваме во МРТ, обезбедувањето да се повлече


Ангелов најави влез на граѓаните во телевизијата во 19 часот, која претворена во тврдина на режимот, со цел да допре вистината до гледачите и македонската јавност.stojance

– Не мора јас да зборувам, нека ги слушнат гледачите на МТВ нелегитимниот премиер, Миле, Горде, Ставре, началникот, ѕверствата што ги правела оваа власт изминатите години и какви се изборни измами имаат направено – рече Ангелов.

Ви го пренесуваме и вчерашниот Фејсбук статус на Ангелов:

УТРЕ, 12.00 ЧАСОТ, МРТВ
Утре во 12.00 часот ќе направам обид за средба со главниот и одговорен уредник на МРТВ Горан Петрески. Доколку ме прими и доколку позитивно одговори на нашите барања, ќе ги прекинеме нашите понатамошни протести пред МРТВ. Доколку не ме прими или доколку ме прими но не вети исполнување на нашите барања, до јавното обвинителство ќе поднесеме кривична пријава за “Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по чл.353 од КЗ на РМ и кривично дело “Повреда на рамноправноста на граѓаните“, предвидено и казниво по член 137 став 2 од КЗ на РМ.
ДОКОЛКУ НЕ ИЗЛЕЗЕ ВО ПРЕСРЕТ НА НАШИТЕ БАРАЊА УТРЕВЕЧЕР ВО 19.00 ЧАСОТ НЕНАСИЛНО ЌЕ ВЛЕЗАМ ВО СТУДИОТО НА МРТВ ОД КОЕ СЕ ЕМИТУВААТ ЦЕНТРАЛНИТЕ ВЕСТИ!
ВЕ ОЧЕКУВАМ ВО 19.00 ЧАСОТ! ДОЈДЕТЕ ДА МИ ПОМОГНЕТЕ НЕНАСИЛНО ДА ВЛЕЗАМ ВО БАСТИОНОТ НА РЕЖИМОТ!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1