Со мерката целосно се покриваат платите за вработените во угостителскиот сектор, вели Министерката за финансии Нина Ангеловска.
Миистерката за финансии, Нина Ангеловска, во гостување во „Економски магазин“ ги појаснува сите забуни околу мерката 14.500 денари плата. Таа вели дека не станува за нето износ, а оваа мерка ќе може да ја искористат сите компании кои ќе пријават дека имаат 30 проценти намален приход со што би се утврдиле нивните загуби.
Во угостителскиот сектор во 2019 година платите на вработените во просек се движеле околу 18 илјади денари. Во услови на криза од овие размери сопствениците на бизниси имаат законско право да ги намалат платите до 50 отсто, со што во овој случај тие би изнесувале околу 9 илјади денари нето. Доколку на оваа сума се додадат останатите давачки се доаѓа до сумата од 14.500 денари со што се извлекува заклучок дека со мерката може целосно да се покријат платите на вработените во угостителскиот сектор, вели Ангеловска.