Анѓушев: Моите компании нема да учествуваат на државни тендери


Компаниите кои се во сопственост на вицепремиерот за економски прашања, Кочо анѓушев, а законски имаат други управители, нема да учествуваат на државни тендери.

Ова вчера го изјави вицепремиерот во емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“.Тој појасни дека тендерот за ЕЛЕМ бил пред тој да дознае дека ќе биде дел од новата влада.

– Тендерот за ЕЛЕМ беше распишан во февруари кога јас не разговарав за вицепремиерско место и никој не знаеше кога ќе има влада. Ние дадовме понуда во рамките на законскиот рок од 60 дена. Понудата е дадена на 14 април, кога повторно воопшто никој не знаеше дали ќе има нова влада и дали ќе бидам составен дел од неа. Потоа постапката продолжи, заврши со две наддавања кои беа распишани од претходното раководство на ЕЛЕМ, во кои „Фероинвест“ доби одредени делови од тендерот, но истите беа поништени. Кога станав потпретседател на Влада, немаше начин како „Фероинвест“ и партнерот да се откажат од тендерот. Вистината е дека „Фероинвест“ не доби ништо на тендерот – рече Анѓушев.

Додаде дека „Фероинвест“ во иднина нема да добие на ниту еден друг тендер, каде што од другата страна ќе биде партнер државата.

– „Фероинвест“ ќе си работи како што знае да работи на интернационалниот пазар. Фирмите 96 проценти извезуваат. Компаниите имаат 800 вработени кои и понатаму треба да продолжат да живеат и ќе бидат активни во економскиот живот во државата – изјави Анѓушев.

Тендерот со ЕЛЕМ предизвика големо внимание во јавноста бидејќи компанијата „Фероинвест“ е во сопственост на Анѓушев. Тој тогаш не гледаше ништо спорно фирмата да учествува на тендери, бидејќи се запазени сите законски процедури и бидејќи е назначен друг управител.

За овој случај се произнесе и премиерот Зоран Заев, кој кажа дека покрај законите, важен е и етичкиот кодекс и ја повика јавноста будно да следи што ќе се случува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1