Анонимуси повикаа на „затемнување“ на интернетот


Повеќе од 200 веб сајтови во САД во моментот се затемнети и ќе останат така во текот на целиот ден, како знак на протест против контроверзниот закон CISPA (Cyber Intellegence Sharing and Protect Act).
Ова уследи откако Анонимуси ги повикаа сопствениците на интернет-страниците денес да ја “затемнат” нивната содржина.

anonimusiНа тој начин тие треба да го изразат својот протест до изгласувањето на законот CISPA, кој им овозможува на приватните компании и на американската влада меѓусебна размена на приватни информации во врска со корисниците на интернет без никакви налози и одговорности.

Во почетокот на минатата година милиони интернет корисници застанаа против законите како SOPA, CISPA и ACTA, а нив им се придружија и некои од најпознатите интернет- страници како Википедија, Гугл и Редит кои на еден ден ја “затемнија” содржината на своите страници за да покажат каква иднина го чека интернетот ако се донесат такви закони.

Сепак, пред овој закон да стапи во сила, тој мора да помине кај Сенатот и да се потпише од страна на претседателот Барак Обама, па групите за заштита на приватноста но и организациите како Анонимусите одлучија да вршат притисок на политичарите за да го забранат донесувањето на овој закон.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1