Антиќ: Шпанскиот судија ни се закани


Нашиот капитен Перо Антиќ, кој во самиот финиш од мечот заработи техничка грешка поради реакцијата кон шпанскиот судија Хуан Артеага, кој неправедно ни ја одзеде топката и спречи наша контра, вели дека овој судија на пријателски натпревар се заканил „ќе видите во Словенија“.

pero-anticАнтиќ вели дека имавме доста пропусти во играта, но рече дека мора да ја потенцира и улогата на судиите, особено на шпанскиот судија.

-Тој на пријателските средби што ги игравме пред извесно време со репрезентацијата од неговата држава ни се закани дека ќе видиме во Словенија и навистина видовме. Тој на крајот беше најважната фигура на теренот, а не играчите, а неговите одлуки беа на наша штета, рече Антиќ.

Тој додава дека ова, заедно со вчерашните случувања даваат многу лоша слика за досегашниот дел од Евробаскетот.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1