Антикорупциска: Сестрата на Катица Јанева добила функција без соодветни документи


Антикорупциска бара одговорност од Владата за именувањето на сестрата на екс специјалната обвинителка, Катица Јанева, за потпретседател на Комисијата за хартии од вредност. Антикорупционерите констатирале дека во 2018 година Владата ја именувала Лиле Делиџакова на функцијата со нецелосна документација.

Комисијата за спречување корупција ќе поднесе иницијатива до новата Влада да се преиспита изборот на членови на КХВ, но и самата постапка.

Освен тоа, антикорупционерите ќе побараат измена на законската регулатива, во чии рамки е дефинирана работата на Агенцијата за привремени вработувања, бидејќи сметаат дека токму преку таа агенција се остава можност за корупција и непотизам.

Од Антикорупциска сметаат дека мора да се коригираат системските слабости, бидејќи се најголем креатор на корупција во земјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1