Антикорупциска отвори постапки за судии


Антикорупциска отвара постапки за петмина судии на кои ќе им ја проверува имотната состојба.

Се отвараат постапки за судиите Владимир Панчевски, Александра Зафирова, претседателот на Врховен Суд Јово Вангеловски и Софија Лаличиќ Костова.

Од Антикорупциска се решиле да отворат постапка против судиите, по извештајот за човекови права на американскиот Стејт Департмент.

Антикорупционерите велат дека причина плус биле информациите кои кружеле во јавноста и ги поврзувале судиите со незаконски дејствија.

Инаку, од судиите кои се на мета на Антикорупциска, Панчевски беше жесток критичар на власта и имаше судски процес со актуелниот претседател на Кривичен Суд. Тој лани доби две кривични пријави и беше осомничен за две кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата откако во извештајот на АКМИС беше нотирано дека 860 предмети не биле доделени на судија.

Александра Зафировска беше претседател на Судскиот Совет, додека Јово Вангеловски е претседател на Врховниот Суд.

Софија Лаличиќ Костова а судија во Кривичен, а беше наведена во Извештајот на СЈО и обвинета дека е една од судиите кои извршувале нарачки и дека била избрана незаконски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1