Албанскикот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, во својата канцеларија открил апарат за прислушување и истиот го доставил во Обвинителството заедно со кривична пријава, јави дописникот на МИА од Тирана.
Извори од Обвинителството за телевизијата АБЦ њуз потврдиле дека министерот Тахири доставил кривична пријава каде се бара да се откријат лицата кои поставиле апарат за прислушување во неговата канцеларија.
– Од Обвинителството не даваат детали за видот и опфатот на апаратот за прислушување, колкав период бил тука, какви разговори се снимени и кој ги поседува, но додаваат дека истиот е однесен во соодветната полициска лабораторија. Првичните сознанија наведуваат дека оној кој го поставил овој апарат е најверојатно вработен во МВР, пренесува изворот.
Деновиве поранешниот премиер и екс лидер на опозициските демократи Сали Бериша рече дека постојат аудио снимки со гласот на Тахири кои потврдуваат дека е вмешан во разни афери.
Министертвото за внатрешни работи, пред неколку месеци се смести во објектот на Националната гарда поради реконструкција на сопствената зграда.