Апасиев на распит во обвинителство, најави кривични пријави


Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, час и половина одговарал на прашања од надлежниот обвинител кој го води предметот за ширење говор на омраза кој се води против актуелниот пратеник.

Во изјава за медиумите тој вели дека не очекува обвинение за случајот, но најави кривични пријави против оние кои го пријавиле за наводното ширење омраза.

Очекувам дека обвинителството вака ажурно како што постапува за мене ќе постапува и во случаите кога во наредната недела јас ќе поднесам кривични пријави за загрозување на сигурноста бидејќи добивам закани во тие постови особено кај една од пријавителките има закани по мојот живот и по животот на моето семејство. Исто така очекувам обвинителството да биде вака ефективно и за оние кои пукаа вечерта со калашникови по изборите како и за оние кои на секој втор збор се закануваат со војна, особено од албанскиот политички националистички кампус, кажа Апасиев.

Апасиев беше повикан на распит во обвинителството во однос на четирите поднесени кривични пријави против него од страна на МВР, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Тања Милевска и Мерсиха Смаиловиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1