ДПА на Менух Тачи и Левица на Димитар Апасиев ќе освојат по еден пратеник, доколку се земат во предвид досега обработените резултати, пишува Фокус.
Инаку, се очекува ДПА да го освои едниот пратеник во шестата изборна единица, каде носител на пратеничката листа е токму Тачи.
Истото важи и за Левица, каде најмногу гласови освои во „единицата“ каде носител е Апасиев, што, според досега објавените резултати, е доволно за пратеник.
Левица освои значителен процент на гласови и во други изборни единици, пред се во 3 и 4 ИЕ.
Меѓутоа прашање е дали тоа би било доволно за пратеник, со оглед на повисоката излезност во овие изборни региони.