АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Ако може да ми се даде работа каква било, не бирам


Ова се моменталните услови во кои што живее 41 годишниот Бране Глигориевски од тетовската населба Два Бреста. Тој е невработен стечаец а претходно имал работено и во перална за коли но таа се затворила.
molitva– Ако може да ми се излезе во пресрет некоја работа да ми се даде било каква, од работа не се срамам. Ако може нешто и државата да ми излезе во пресрет, некоја институција за било каква помош , може и за санација на куќата.
Освен подалечните роднини Глигориевски добива минимална помош и од своите соседи бидејќи и тие се во незавидна состојба.
– Јас сум од тие невработените, технолошки вишок од ШИК Јелак, стечаец и ние сите сме во тешка состојба во оваа криза но колку може му помагаме на овој човек бидејќи денеска е многу тешко да се биде човек. Јас апелирам до овие хумани луѓе, до оваа држава, до социјална помош да му се помогне на овој човек да ми се излезе во пресрет било со градежни материјали, било со парични средства било со некоја опрема да му се донира на него.
Глигориевски нема право на социјална помош бидејќи дотраената куќа пред урнување се води на негово име.
Телевизија Менада

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1