Апелација попладнево ќе решава за притворот на Талески


Во скопска апелација попладнево ќе се одржи јавна седница на којашто ќе се расправа по жалбата што ја поднесе одбраната на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за куќниот притвор којшто му го определи кривичниот совет на Основен суд Скопје 1.VladimirTalevski

Седницата ќе се одржи на барање на одбраната на Талески.

Талески од пред една седмица е во куќен притвор за случајот „Траснпортер“ по барање на специјалното јавно обвинителство.

За овој случај има вкупно 22 осомничени, а се товарат за малверзации со превозот на учениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1